Прескокни до главната содржина

Изразен европски карактер

GAC AION UT е електричен хечбек што обединува голем досег, брзо полнење и напредни технологии во компактно возило со изразен европски карактер.

Дизајниран во Милано и развиен за потребите на современиот градски живот, носи бескомпромисна практичност, интуитивна технологија и простор што ги надминува очекувањата во својата класа.

Петте ѕвезди на тестовите Euro NCAP го потврдуваат високото ниво на заштита што GAC AION UT ви го обезбедува вам и на вашите сопатници.

GAC AION UT – изразен европски карактер
Преглед
430 km
Досег (WLTP)
440 l
Волумен на багажникот
150 kW / 204 КС
Моќност на моторот
7,3 s
Забрзување од 0 до 100 km/h

Надворешност

Препознатливиот дизајн, осмислен во Милано, ги обединува современата естетика и функционалноста. Аеродинамичните линии и единствениот светлосен потпис создаваат возило што се издвојува од секој агол.

Палета на бои / GAC AION UT

Exterior | Color
Exterior • Color
Преглед на возилото

Внатрешност

Чистите линии, меките материјали и натпросечно пространата кабина создаваат чувство на повисока автомобилска класа. Секој детаљ е осмислен за едноставна и интуитивна употреба.

GAC AION UT – склопен во Австрија

Склопен во Австрија

GAC AION UT се склопува во Австрија во компанијата Magna Steyr, еден од најценетите светски партнери во автомобилската индустрија.

Децениите искуство во производство на возила за водечките светски марки се одразуваат во прецизната изработка, строгата контрола на квалитетот и врвното инженерско знаење.

Безбедноста не е прашање на избор

GAC AION UT - ADAS

Напредна безбедност што едноставно функционира

Од основната конструкција до интелигентните системи за помош, GAC AION UT е осмислен ненаметливо да ве штити во сите услови.

GAC AION UT – зајакната конструкција

Зајакната конструкција

Каросеријата изработена од 71 % челик со висока цврстина и покривот што издржува притисок до 7 тони обезбедуваат исклучителна безбедност.

GAC AION UT – безбедност без компромиси

Безбедност без компромиси

За уште повисоко ниво на безбедност се грижат исклучително долгите странични воздушни завеси од 2,1 метар, кои по активирањето остануваат надуени 6 секунди.

GAC AION UT – напредни системи за помош

Напредни системи за помош

Пакетот, меѓу другото, вклучува автоматско сопирање во итни случаи, предупредување за судир, адаптивен темпомат, систем за одржување на возилото во лента и надзор на мртвиот агол.

Безгрижност

Се погриживме користењето и сопствеништвото на GAC AION UT во секој поглед да бидат удобни и безгрижни.

Гаранција за возилото

8 години или до 160.000 km

Гаранција за батеријата

8 години или до 200.000 km

Галерија

Откријте го GAC AION UT од секој агол. За вистинско чувство, резервирајте пробно возење и доживејте го во живо.

Често поставувани прашања