Прескокни до главната содржина

Инженерски решенија на GAC

Погон и перформанси

Погонот во возилата GAC е осмислен како целосен систем во кој перформансите, стабилноста и контролата се резултат на внимателно разработени инженерски решенија.

Технологијата се темели на податоци, тестирања и реални параметри и обезбедува сигурно и самоуверено возење во сите услови.

Бел електричен SUV GAC AION V во движење по пат.
Приказ на електричната погонска платформа GAC AEP 3.0 со батерија, шасија, суспензија и тркала.

AEP 3.0 – погонска платформа од новата генерација

Возилата AION уште од самиот почеток се осмислени како електрични возила. Без дополнителни приспособувања, без неискористен простор и без компромиси.

Наменската електрична платформа AION овозможува оптимална распределба на сите клучни компоненти – од батеријата до електромоторот – за динамично возење без компромиси во контролата.

Поглед одозгора на возило GAC во движење со приказ на подрачјето на дејствување на напредните системи.

Технологија што соработува со вас

Интелигентните системи AION се осмислени да ви помагаат без да бараат дополнително внимание.

Ненаметливо ги следат патот, возилото и вашите постапки и ви помагаат при возењето, додека контролата останува во ваши раце.

Електричниот SUV GAC AION V во движење по влажен пат, со приказ на стабилноста и контролата на возилото.

Интелигентен систем на шасијата AION

Системот постојано анализира што се случува под тркалата и во реално време се приспособува на условите на возење, помагајќи:

  • да се намали навалувањето на каросеријата во свиоци,
  • да се подобри одзивот на управувањето,
  • да се одржи стабилноста на возилото на нерамни патишта.

Со тоа возењето секогаш е контролирано и удобно, без оглед дали возите по тесни градски улици или непредвидливи селски патишта.